БРОНЗЕНА ИГЛА ОТКРИЕНА ВО СЛАМИТЕ

Керамички наоди – бокали, бронзена игла, долга 16 сантиметри и еден неидентификуван бронзен предмет, се пронајдени при годинашните археолошки истражувања на локалитетот Сламите, кај селото Вепрчани, Мариово. Иако наоди не се бројни, говорат дека просторот за погребување бил користен и во праисторијата и во доцниот антички период. Делумно го истраживме локалитетот, заради немање доволно средства. Во првата фаза откривме дел од тумулот и четири гроба. Првите два се од праисторијата, а другите два гроба од подоцнежниот период – вели археологот Александар Миткоски.

Loading