“СВЕТСКАТА КАСАПНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА” ПРЕД ЧИТАТЕЛИТЕ

Книгата “Светската касапница во Македонија 1914 -1918” од Веле Алексоски беше преставена пред читателите во Библиотеката. Тоа е монографија, посветена на сите знаени и незнаени македонски војници и цивилно население кои загинале. Трудот го промовираше професор Вера Алексоска. Книгата доловува фрагменти од невидени ужаси, ѕверски бруталности и нецивилизациски масакри, извршени врз невиното македонско население, Авторот д-р Веле Алексоски има прилепско потекло. Работел како професор по француски јазик во Велес и Градско, а потоа и во дополнително училиште во Франција. Бил главен и одговорен уредник на неделникот “Македонско сонце”.

Loading