НЕ МОЖАМ МИРНО ДА СПИЈАМ!

Стеван Николоски – Селото, за згаснувањето на РК Прилеп

По откажувањето на РК Прилеп од Супер лигата, се огласуваат некогашните ракометари, легенди. Долгогодишниот пивот на Т. Комбинат во седумдесеттите години од минатиот век, Стеван Николоски – Селото полн е со револт. Ракометот се ништи, а пари се даваат на други места. Зарем има перспектива спорт каде сите се однадвор? Ракометот е со долга традиција, која треба да се чува. Играат наши деца. Го кревам гласот не со сила, туку со аргументи. Мора да се освестиме. Името Победа згаснува, сега и ракометот го снемува. Не треба да се дозволи – вели Николоски. Ракометот е живот за поранешниот тренер. Не може мирно да гледа како исчезнува саканиот спорт. Некои се ситат на туѓи порази, јас не. Без оглед кој е претседател или тренер, нека има ракомет. Тренерот е менлива категорија, клубот нека живее – порачува Николоски. РК Прилеп не одигра два меча и е пред исклучување од Супер лигата.

Loading