КОРЗО КАЈ БАБУНА

Трета лига

Големо искушение за Корзо, на гости во Велес кај втората Бабуна. Клубот на Панде Трајчески по триумфот над Превалец со 3-1 одлично се држи на 9. место, со само четири бода зад четвртиот. Реми од Велес е подвиг. Лидерот Победа јуниор, по ремито (2-2) кај Бабуна, в недела го чека велешки Борец со браќата Благој и Марјан Нацеви. Останати: Млекар – Вардар, Младост – Илинден, Д. Езеро – Партизан, Превалец – Г. Коњари. Претходно: Г. Коњари – Д. Езеро 5-1, Партизан – Младост 1-4, Кожуф – Млекар 2-1. Табела: Победа ј. 35, Бабуна 32, Младост 30 бода.

Loading