ДЕРБИ ПРОЛЕТЕР – ДИНАМО

Општински лиги

В недела (10 ч.) во А лига, второпласираниот Пролетер, на Гарнизон го чека лидерот Динамо од Мажучиште. Големото дерби е како порачано на крајот од сезоната. Претходно Динамо дома се сопна од Тополчани (0-1), а Пролетер на гости славеше кај Ц. Ѕвезда во Сенокос (0-2). Останати: Кадино – Ц. Ѕвезда, Воѓани – Боротино, Кадица – Козара, Чепигово – Обршани, Тополчани – Тризла. Претходно: Тризла – Чепигово 6-0, Обршани – Кадица 6-2, Козара – Воѓани 3-0 (сл.), Боротино – Кадино 3-4. Води Динамо со 27, пред Пролетер со 23 бода. Во Б лигата побегна Братство Житоше со 26, пред Илинден и Мукос по 17 бода.