УЛТИМЕЈТ БАСКЕТ НА “БОЈ” СО МЗТ

Кошарка

Во недела (19 ч.), во Универзална, Ултимејт баскет го пречекува МЗТ Скопје Аеродром, во 8. коло од Првата лига. Следува најтешкиот меч дома. Тренерот Панче Милевски го мачат неочекувани проблеми. Србите, бекот Лазиќ и центарот Јовановиќ се болни. Правиме напори да најдеме соодветни алтернативи – вели Милевски. Навивачите ќе помогнат. Универзалната сала ќе биде полна. Желба е да се совлада големиот ривал. МЗТ располага со квалитет. За нас е важно да дадеме максимум и да не ги разочараме симпатизерите – порачува Милевски. Ултимејт баскет има три порази, последниот во Куманово (80-64), а утре вечер оди на петтата есенска победа.

Loading