ЕЛЕНА ВЕЛЕСКА “ЖАРИ И ПАЛИ” ДОМА

Популарната фолк пејачка Елена Велеска “жари” и “пали” на настапите во родниот Прилеп. Дојде од живеалиштето на Охридското Езеро, да го крене адреналинот на многубројните гости на концертот на КУД “Мирче Ацев”. Приреди вистинско фешта, исполнувајќи неколку композиции во придружба на Гоце Пејако. Најрадосни беа најмладите, кои се погрижија да го овековечат нејзиниот настап, фотографирајќи ја со мобилните телефони. Велеска најави дека снима нов спот, кој многу брзо ќе бил готов. Веројатно ќе ги промовира на новогодишната и божикната пролава меѓу нашинците во Њу Џерси, САД, каде веќе е капарена да ја крева температурата со песна и танц на витата става, и покрај двете деца.

Loading