МАРИЈАНА И ВРАТИ НА МИШЕЛА

Карате

Петтиот Меморијален турнир на КК “Прилеп – Баше”, во чест на починатиот тренер Милан Башески, мина со доминацијата на прилепските клубови. КК “Ронин” освои 35 медали. 13 “златни”. Маријана Димоска (12) е најуспешна со три “злата”. Беше прва во борби и кати, екипно и поединечно. Во финалињата двапати се сретна со сестрата близначка, Мишела и победи во продолжение. И се реваншира за поразот на Балканијадата во Атина. КК Ронин зеде уште две признанија, за најмасовен клуб и за најмлад натпреварувач – Марија Илиоска. Успех и за КК “Лукас” на Ахил Јаков и Златко Настески. “Злато” собраа Никита Стојаноски, Звонко Николоски и Илчо Белчески, како и ката тимот (Давид Цветкоски, Звонко Николоски, Константин Василески). КК “Бонсаи” на Валентина Пурдеска се закити со две “злата”. За Елена Гулеска и Викторија Видоска. Учествуваа 202 каратисти од 22 клуба.

Loading