НИКОЈ НЕ ПОМАГА ЗА РК Прилеп

Ракомет

Машкиот ракометен клуб Прилеп се откажа од Супер лигата, оти никој не помага, а без пари, нема ни за патувања и за судиите. Беспомошни сме сами. Непознати се причините – велат во РК Прилеп. РФМ излезе во пресрет. Ветуваат покривање на патните и трошоците за службените лица. Но, тоа не е доволно. Треба и за плата – две. Не е можно професионален, суперлигашки ракомет без плата – велат во клубот. Мечот со велешки Борец е одложен. Во сабота е гостувањето кај Пелистер во Битола.

Loading