ДЕЦАТА НА СТАНОЈОСКИ ВО ЛИГА

Шах

Стартуваше јуниорската шаховска лига. Прилеп го претставува школата на велемајсторот Звонко Станојоски, под покровителство на ШК Алкалоид. Шест тима се од тој клуб, а седмиот од Гамбит. Првото коло е во Струга. Важно е учеството. Имаме неколку надежи на чело со Мартин Николоски, државниот првак во училишен спорт, кој играше во Б тимот на Алкалоид за купот – вели Станојоски. Системот е бергеров во шест кола. На 21 ноември колото е во Прилеп.

Loading