ТРИУМФ НА МАГДИНЧЕВ, РАКОМЕТАРКИТЕ И – ЛЕКАРИТЕ

Ракомет: По големиот подвиг над гигантот Металург

Утре во Струга, Жито Прилеп е на мегдан со ФОН универзитет. Не се зборува многу, оти речиси неизбежен е исходот во полза на гостинките. Инаку, уште трае еуфоријата по троумфот над гигантот Металург. Шампионот беше победен со 31-28. Добивме тежок меч. Ги студиравме, која како игра и шутира. Ги исполнивме задачите зрело. Ќе се обидеме уште двапати да го добиеме за атак на титулата – вели Ристо Магдинчев, тренер на Ж. Прилеп. Заслужни се ракометарките, голманот Наумоска, голгетерките Шалевска, Папуџиева, Гичева… Управата е презадоволна. Внесовме неизвесност во борбата за титулата. Магдинчев направи нешто за кусо време. Одлични беа – пресереќен е претседателот Оливер Деркоски. Лекарите Борче Јовчески и Влатко Илиески ги кренаа повредените Мери Гичева и Марија Папуџиева. Победата е и дело на лекарите – смета Звонко Јанков, потпретседателот на клубот.

Ривалките честитаа по телефон

Металург го призна поразот. Честитките продолжиле по телефон. Даниела Новеска рече дека не очекувала ни приближно силен Жито Прилеп. Сите биле изненадени – пренесува Јанков.

Loading