ПОЕТСКИ ТРУД ПОСВЕТЕН НА ТОШЕ

“Утринскиот час ни го зеде најубавиот глас од Тоше Проески” е поетскиот труд од нашата сограѓанка Ружа Петреска – Димитриоска, посветен на прерано починатиот пејач. Објавени се 70 песни, забележувања, чувства и спомени. Квалитетно, зрело и емотивно лирско писмо се песните на поетесата, формирани од нејзините чувства, погледот, сеќавањата и расположенијата. Поезијата е плод на внатрешните немири, треперења, дилеми – вели професорот Орде Сливјановски. Ружа Петреска Димитриоска – досега објавила четири поетски збирки.

Loading