“КОЈ МУ ГО Н… НА ВОЛКОТ” ПРЕД ГЛЕДАЧИТЕ

МДС со нова премиера

“Кој му го н… на волкот” е новата претстава на Младинското драмско студио при ЦК Марко Цепенков”, која премиерно ќе биде прикажана во среда, 17 ноември. Работена по текст на Владимир Ивановиќ, во режија на Александар Димчески. Играат Наталија Ристеска, Дарко Карбески, Ивана Дамјаноска, Тони Дамчески, Мартин Милкоски, Николче Крстески, Александар Димчески, Виктор Мирчески, Мартин Долгоски, Марина Нешкоска, Симона Трајческа, Марија Јанкулоска, Христијан Тасески, Кире Тодороски и Андреј Богатиноски. Тоа ќе биде весела претстава, во која ќе преовладува хуморот. Комисијата за лустрација ги отвора тајните документи, од кои произлезе вистината за “Црвенкапа”. Се открива различно од приказната – изобилство комика, нови насоки на изразување и помалку еротски балет – вели режисерот Димчески.