ПЛАНИНАРСКА СТОРИЈА ОД КОРИЈА

Селото Карбуница, месност Ѓурѓевица и манастирот Света Богородица – Кичевско ги освежија со спомени, чист воздух, есенски шмехт на дабова шума, 55 планинари од ЕПД “Картуш”. Планинарите им гостувале на ПД ,,Бистра,, од Кичево. Се потсетиле на војводата Арсо Мицков кој со својата чета, убил 150 турски војници, меѓу кои и озлогласениот Сефера Ага. Местото за овој настан е Ѓурѓевица и имало само една мермерна плоча побелена од старост. А патеката за “марш” со ранец била лесна и можело секојдневно да се рекреираат намерниците. Уникатниот многувековен манастир Свети Никола над селото Слепче, врвот Соколица како ветер проструија со прошетката на планинарите од ПД “Јане Сандански”. Патеката која ја минале од Браиловското езеро, ридот Беглик ги однесе до манастирот Свети Илија во село Браилово. “Санданци” го сретнале десовчанецот Томче Божиноски, кој на напасувајќи ги овците свирел на кавалот. Во звуците на дрвениот инструмент и вештината на прстите уживале и планинарите.

Loading