ПАНАЃУР ИЛИ АНТИКВАР

Минатиов викенд, на 40 -тина тезги, поставени на примитивни скелиња или поткрепени на автомобили и картонски кутии се нудеше текстил, меѓу кои и завеси, виндјакни, заштитна облека и по некоја дребулија и украси на панаѓурот кај спортската сала Македонија. Продвачите, иритирани од скржавоста на муштериите, велат дека преполнетите тезги, за кои тука “дремеле”, оделе како алва онаму од каде дошле. А купувачите пребирливи. Одбираат поефтино, поквалитетно парче од бофл стоката. Имаше од сé и сешто. Од старини до она што пред една година се нудеше по бутиците, но со исти цени како по дуќаните. Не се знае дали ќе прерасне во традиција панаѓурската атмосфера, развеселена со песна и игра на поединци, подсолена со пуканки, заблажена со крофни.

Loading