БОЛНИЦАТА СЕ ГРАДЕШЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ

Не е многу стара. Ова е сега функционалната градска болница. “Лечи”, згрижува и дава помош речиси 40 – тина години. Се крена брзо, од самопридонес на граѓаните, да не зјае празна без апаратура, без кадар. Се стави во “погон”, иако за забави десетина години, поради недостиг пари за комплетирање. Првата била во бараките, паралелно со Градскиот стадион, кај Брза помош. Сега, таа е издигната над него. Па, од прозорите може да се ѕирне и на фудбалскиот терен, како “дрибла” 11 Октомври. Денес Болницата функционира. Како, е прашање. Сé уште нема доволно апарати и доктори. Дел од одделенијата се модернизирани, како физикално, инфективно. Шесткатната зграда со приземје каде се сместени дел од службите сé уште се опремува со донации и пари од буџетот на државата. Во дворот има котларница, кујна за подготовка на храна за болните. Огромниот простор полека се дополнува со потребни зданија за здравствени услуги. Мириса на “Клинички”. Не за друго, туку да не скитаат граѓаните низ лавиринтите.

Loading