МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧИТУВАНИ ВО ХРВАТСКА

Ангел Митревски, претседател на Заедницата на Македонци во Хрватска

“Хрватите нé почитуваат. Како дома сме. Од 1991 година сме признанени за малцинство. Државата ги финансира активности од 2003 година. Го зачувуваме нашиот идентитет”. Ова го вели Ангел Митревски, претседателот на Заедницата на Македонците во Хрватска, кој дојде во Прилеп со КУД “Македонија” од Хрватска. Членовите не се само Македонци, туку и Хрвати. Тие беа гости на КУД “Мирче Ацев. Диригентот на пејачката група е Хрватка, со унгарско потекло. Тоа сведочи колку се сака мелодичноста на македонскиот фолклор. Нашите во Хрватска имаат можат да бидат избирини, имаат право на двојно гласање и се во преамбулата на Уставот како Македонци. Митревски 25 години живее и работи во Сплит. Претседател е на Заедницата на Македонците и член и на Советот за национални малцинства во Хрватска. Ангажиран е на промоција на македонската култура, традиција и воспоставување културни врски со матичната земја. Сакаме да го зачуваме нашето национално битие и да им помогнеме на втората и следните генерации да не го заборават своето потекло и јазик. Македонски јазик учат 75 деца – вели Митревски. Заедницата има свои друштва во Ријека, Сплит, Пула, Задар, Осиек, Загреб. Во Хрватска живееле 4270 Македонци.

Loading