“СТИЛСКИ ВЕЖБИ” НА ВАСИЛ КОСТОВ

Изложба

Тематската изложба на 22 цртежи, мал формат со креда во боја и јаглен од Васил Костов, наречена “Стилски вежби” вечерва се отвора во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Уметникот ја има својата 12 самостојна претстава. Авторот вели дека цртежите се разработки за идни дела за изложба на слики – масло на платно. Инспирацијата е природата. Ме привлекува опкружувањето. Восхитуваат карпите, дрвјата, стеблата без коренот, убавите продукти. Гледам малку натурално. Секојдневен живот. Навлегувам и во некоја своја фантазија. Ме исполнува моливот или четката – вели уметникот. Костов беше 40 години сценограф во театарот. Не завршив академија, туку школа за уметност, со архитектонски остек. Ми рекоа да работам в театар. Не бев само сликар, туку и сценограв. Ме привлекуваа дрвото, машините. Сакав да работам со струг. Не знам колку сценографии сум изработил. Ми лежеа сценографија на детски претстави. Работев и во Пионерски дом. Убаво е творештвото – вели Костов.

Loading