КИРЕ МИЛАДИНОСКИ ВО ШПАНИЈА

Кореографот Кире Миладиноски од ТК “Зодијак” при ЦК “Марко Цепенков” со перформансот “Еден правец внатре” учествуваше на 17 Фестивал за современ танц и театар “Mes de Danza” во Севиља, Шпанија. Перформансот се изведи на отворен простор како Siti specifik на два плоштади. Миладиноски успешно го претстави прилепскиот танц. Гостувањето во Шпанија дојде по перформансот “Бубачки” на третото издание на “LocoMotion”. Задоволен сум од Шпанија. “Еден правец внатре” беше прикажана во Албанија, Хрватска, Бугарија, Австрија, Франција – вели Миладиноски. Се изведувале видео презентации, инсталации, изложби, работилници, кои поттикнувале културен дијалог.

Loading