СИТЕ ВЕРУВААТ ВО ПОБЕДА

Анкета меѓу навивачите на Жито Прилеп

Стеван Петрески, пензионер – Позната е силата на Металург со Бајрамоска, Мечевска… И нашиот состав е одличен, со Наумоска, Шалевска, Гичева… Очекувам победа, барем со гол разлика.

Драган Илиоски, стечаец – Фаворитот паѓа. Пред полна сала бодовите остануваат кај нас. Верувам во домашен триумф.

Пеце Талески, ученик – Тежок меч. Гостинките се фаворитки. И бод е подвиг. Очекувам рамноправна борба до последниот миг.

Ристе Николов, студент – Жито Прилеп израснува во голем клуб. Не се ништо посилни скопјанките. Одиме на три бода.

Коста Ѓорѓиоски, бизнисмен – Неизвесен меч. Дербито се добива со гранитна одбрана. Магдинчев има тактика за успех.

Сашо Атанасоски, економист – Треба да победиме. Покажуваме дека ракомет не се игра само во Скопје. Наши се бодовите.

Николче Наумовски, работник – Првото полувреме е најбитно. Ако не ни се одлепат, ги победуваме. Имаме квалитет за триумф.

Loading