КОПРИЌ НА ВЛЕЗНИЦА

Историја

Во битката за повеќе гледачи, како дуќаните за муштерии, клубовите привлекуваат со плакати на прометни места. Денешните не се разликуваат многу како од пред 30 – 40 години. Иднината е во клупските маркетинг комисии. Во далечните години неколкупати се досетуваа за фотографии на плакатите. Се памети слика и на влезница. За големото југословенско второлигашко фудбалско дерби на 24 август 1986, Победа – ОФК Београд, на билетот првпат се појави ликот на фудбалер, Милорад Коприќ. Навивачите коментираат дека сме имале легенди и никогаш не видовме слика, а овој сега дојде и веднаш на влезница. Други одобруваа. Коприќ бргу стана славен. На пријателска му даде пет гола на ФК Прилеп, за куп стрелаше со Беласица, за првенство двапати против Трепча, а единствениот со ОФК Београд немаше важност во поразот од 1-3. По дербито играше се послабо, наредната сезона беше отпуштен. Во меморијата остана како сликаниот на влезница.

Loading