ПРИМИЈА ДВА ГОЛА НА ШЕСТ МЕЧА

ЖФК Победа

И фудбалерките на Победа поставија бетонска одбрана. Примија само два гола на шест меча. Мрежата им ја затресоа скопско Наше такси (1-1) и Младост Оризари (12-1). Останатите резултати се високи, Црешово топче Пробиштип (16-0), Топ гол Битола (7-0), Еврофудбал Охрид (5-0), Респект Скопје (18-0). В сабота е гостување во Кочани. Домашните се закануваат, но не треба да им дозволиме игра. Со залагање можеме да ги добиеме со пет шест нула – смета Блаже Филипоски, тренерот. На табелата води Победа со 16 бода, пред Наше такси со 13.

Loading