НЕВКУСНА РЕКЛАМА

Има потреба, иако е невкусно да се пека и да се моли да се направат тоалети на јавни места, клозети, кенеф или нужници, како сакате наречете ги. Оти за нужда не е добро да се користат темнините на верски објекти, да се игра криенка зад грмушка или некој агол. Нема потреба од зборување. Локална самоуправа “кренала” тоалет за пазарџиите на мини пазарчето Марино маало. Тоа е за поздравување, иако не стасала в центар. Само што малку боди очи рекламата за тоа кој го направил нужникот, кој е фунционален само во среда и сабота кога пазарџиите работат. Арно е што им е овозможено тие да не шетаат по околните куќи “кога ќе им дојде”. А како се чувстуваат граѓаните в центар, кога ќе им дојде. Што ќе се случи, ако не им излезат во пресрет угостителите. Треба да ги наполнат гаќите?

Loading