КРАНОВИ ЗА ИСТОРИЈА ВО ТОЧИЛА

Пред триесетина години се изгради населбата Точила. Идејата беше да прерасне урбано место со сите нишани. И никна. Цигла по цигла, се кренаа “кули”. Над десет илјади жители создадоа “гнезда” за живот во модерна населба со трговски центар и сета друга инфраструктура, од продавнички, училиште, пошта, кафеани, пазарче за зарзават. Жителите на врвовите од зградите ги “качија” своите визии. Само што може да искршите глави да се качите во темнината во некоја од првите згради. Бев на гости со дете. Кога слегувавме темнина. Некој ставил шишиња и одвај куртули малиот – кажува наш сограѓанин. Точила е најголема прилепска населба, за која велат дека е пекол. Можеби жителите ќе се “просветлат” со градбата на црквата “Света Петка”.

Loading