НЕ ТРПАТ ПОРАЗ

Општински лиги

В недела (10 ч.) во А лига: Ц. Ѕвезда – Динамо, Пролетер – Боротино, Кадино – Козара, Воѓани – Обршани, Кадица – Тризла, Чепигово – Тополчани. Претходно два дуела не дочекаа крај. Дел тимови не умеат да трпат пораз. Во Заполжани Козара службено губи од Пролетер со 0-3, а на ист начин Боротино дома ја совлада Ц. Ѕвезда. Лидерот Динамо го интересираат само чисти победи. Последно страдаше Чепигово со 5-0. Останати: Тополчани – Кадица 5-2, Тризла – Воѓани 4-0, Обршани – Кадино 2-0. Води Динамо со 24, пред Пролетер со 19 бода. Во Б лигата води Братство со 20, пред Илинден со 17 бода.