Трета лига
Корзо ги среди редовите и игра се подобро. Во неделата извлече бод со фаворитот Младост од Кривогаштани (1-1) по головите на Митрески и Муратоски. Управата на чело со Панде Трајчески овозможува услови на играчите во борба за горниот дел од табелата. Во наредното коло е гостувањето кај Д. Езеро. Лидерот Викторија се прекрсти во Победа јуниори и лесно победи со 0-3 кај Превалец. В недела го чека неготински Вардар. Останати: Млекар – Вардарски, Ц. Река – Партизан, Младост – Г. Коњари. Претходно: Г. Коњари – Ц. Река 1-0, Партизан – Велес Т. 5-0, Илинден – Млекар 1-0. Води Победа јуниори со 31, пред Бабуна со 28, а Младост има 24 бода.