ТРИ НАДЕЖИ НА СВЕТСКО

Карате

Во тек е Светското сениорско првенство во Белград, Србија. Меѓу 22 каратисти од македонската репрезентација, се трите членки на КК Ронин за кати, Зорица Спиркоска, Поликсенија Јованоска и Верица Трајкоска. Очекуваме успех меѓу десетте најдобри по подготовките. Конкуренцијата е страшна, но со малку среќа можеме до добар резултат. Некои од главните конкуренти веќе сме победиле – смета Златко Димоски, тренерот, кој ќе биде и судија. Во Белград учествуваат околу 100 држави.

Loading