НОСТАЛГИЈА ЗА ПРЕПОЛНА САЛА

Ракомет

Во ракометната пауза, никој во РК Прилеп не зборува за идниот противник. Немоќни без пари и управа, евоцираат спомени. Игравме пред три – четири илјади навивачи. Се тепаа за билети. Се пишуваше историјата. Сега сме сосема пред згаснуваме – велат во РК Прилеп. Никој не знае дали ќе има донаторска конференција. Нема пари за патувања, за службени лица. Неизвесно е дали ќе се најдат сили за наредниот меч на 6 ноември, дома со велешки Борец. Ако градот не помогне, се откажуваме – предупредуваат од клубот. По Дупјачанец, Петкоски и Ангеловски во Косово, Стојаноски замина да печали во трета лига во Германија. Пауза и во женското првенство. Жито Прилеп, по триумфот кај Ѓорѓе Петров, по осум дена го чека лидерот ,,Металург,,.

Loading