ПАЈКИ НА “ДОЖДЛИВА ПЛАЖА”

Дождлив ден, а пајките покрај езерцето кај зградата од Судот, застанале да се измијат под природниот туш. Дождот ги капе, а тие со клуновите ја чешаат “крастата”. Се зголемило јатото. Не си даваат ред, кој да се “башари” во езерската вода, разбранувана колку да ги “искашка”. Затоа, се излезени на камена “плажа” да гракаат. Да нема борба за “течна” територија.