ДИНАМО КАКО ОД КИЕВ

Општински лиги

В недела (10 ч.) во А лига, Динамо во Мажучиште го чека Чепигово. Лидерот нема милост. По седум максимални победи оди на осмата. Динамо како да е од Киев. Останати, осмо коло: Тополчани – Кадица, Тризла – Воѓани, Обршани – Кадино, Козара – Пролетер, Боротино – Ц. Ѕвезда. Претходно: Боротино – Динамо 0-1, Ц. Ѕвезда – Козара 1-3, Кадино – Тризла 0-1, Воѓани – Тополчани 5-2, Кадица – Чепигово 4-3. Води Динамо со 21, пред Пролетер со 16 бода. Во Б – Лигата најдобри се: Братство со 17 и Мукос со 16 бода.