Со претставата “Од кол на кол” по текст на Реј Куни, во режија и адаптација на Коле Ангеловски, театарот в понеделник гостува во Гевгелија. Најгледаната урнебесна комедија последните години се изведува за празникот на градот. Во “Од кол на кол” играат средната генерација на актери од театарот.