Четворица прилепски археолози учествуваа на 21-от симпозиум организиран од Македонското археолошко научно друштво во Струмица. Лилјана и Костадин Кепеска, Александар Миткоски и Душко Темелкоски ги презентираа резултатите од заштитните археолошки истражувања на неколку локалитети низ општината. Кепески ги претставија сознанијата за начинот на “Чествувањето на царскиот култ во Стибера”, Миткоски и Темелкоски говореа за локалитетот Ридот кај селото Мажучиште. Ридот е локалитет од античкиот, македонски период, од времето на владеењето на кралот Филип II во вториот век п.н.е. Евидентиравме предисториската бронзена епоха. Поважни наоди се бронзен приврзок, двете монети на Филип II и печатот од печена земја со врежано име на Дионис – објаснува археологот Темелкоски.