ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЊА

Институт за старословенска култура

Институтот за старословенска култура теренски истражувања во три проекти, со кои се очекуваат нови сознанија за нашето творештво. Со 200 илјади денари од Министерството за култура за првпат се истражуваат “Моштите на светителите на територијата на Македонија”, “Остатоците од паганските верувања во народната традиција во Преспа” и “Речникот на странски зборови и изрази на Јанаки Стрезов, во втората половина на 19 век”. Проектите досега не биле предмет на истражување и обработка. Ќе се оди во Преспа, ќе се посетуваат манастирите низ Македонија. Очекуваме нова изворна граѓа за научна анализа и обработка – вели д-р Ели Луческа, директор на Институтот.

Loading