ПРОМОЦИИ И ЗА ИЗЛОЖБА ЗА ГОДИШНИНАТА

Библиотека “Борка Талески”

 

Со промоцијата на книгата “Прилепчани 19 век” вечерва во 19.30 часот, библиотеката “Борка Талески” ги заокружува активностите за јубилејот – 65 години од формирањето. “Прилепчани во 19 век” е енциклопедиски именик од Славчо Ковилоски, во кој се опфатени личности кои живееле и твореле во 19 век. Тие се личности кои оставиле творештво за градот, врежано во колективната меморија од овој период. Обработени се биографии и 659 одредници со 56 фотографии. Промотор ќе биде Здравко Стојкоски. Инаку, во рамките на годишнината “Деновите на библиотеката – од читалиште до библиотека” беше претставен Водичот и беше отворена изложба на дела од 15 прилепски уметници, создавани на неколку ликовни манифестации.

Loading