СЛИКИ ОД КИЧЕВСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Во салонот на “Марко Цепенков”

Изложба на слики од Кичевската ликовна колонија ќе биде отворена вечерва во 19 часот во ЦК”Марко Цепенков”, на која ќе бидат изложени околу 70 дела. Прилепчани од 17 ликовна колонија ќе видат дела од 25 уметници од земјата и странство, меѓу кои Ѓорѓи Чулаковски, Ирена Андонова, Драган Георгиев, Жаклина Глигориевска, Татјана Манева од Македонија и Дина Мерхав од Израел, Лидија Балева од Бугарија, Омер Калеши од Франција, Марија Гина Торторичи од Италија, Мохад Шаими од Малезија, Стефан Лое од Германија…

Loading