СОФИЈА НИКОСКА ВИОЛИНИСТКА СО КОРЕН

Софија Никоска е млада виолинистка која го трасира својот пат во музиката. План í се магистерски студии по виолина во класата на професорот Олег Кондратенко и многу концерти. Свири од мала возраст. Музиката и виолината се нејзиниот живот. Се “запознале” со виолината на шест години. Ме привлече на прв поглед и се “заљубив”. Го засакав звукот и сега сум врзана цел живот. Музиката е мојата професија – вели младата Софија. Виолината е еден од најтешките инструменти. Ја нарекуваат кралица на инструментите, заради можностите што ги нуди. Прекрасно е чувството кога сум со неа в раце. Како да ја гушкам, а таа бара посветеност, жртва, време, многу труд, залагање за успех. При подготовка за настап свирам по седум-осум часа дневно – раскажува Никоска. И лежат различни композиции. Омилено дело сега и е “Виенскиот концерт” од Брамс. Го сака и Бах, оти компонирал “света” музика. Музиката во семејството Никоски е присутна со години. Дедо ми свирел виолина. Тетка ми е виолистка во македонската филхармонија. Татко ми свири виолина. Сестра ми Христина е пијанистка. Каде и да се завртиш музиката е прусутна во фамилијата – додава таа. Посетува повеќе семинари за надоградба, зашто е нужен континуитет во музичката наобразба. Важно е знаењето и посета на повеќе школи. Учествував на бројни семинари. Го посетував Московскиот конзерваториум. Продолжувам со исто темпо и во следниот период – вели Софија. Посакува светски натпревари и концерти во странство. Сон и моја желба се концерти на светските сцени, како на пример во Карнеги хол и во Германија – вели Никоска.

Loading