МИЛАДИНОСКИ НА ФЕСТИВАЛ

“Бубачки”, перформанс од Кире Миладиноски ќе биде изведен утревечер во МКЦ во Скопје на Фестивалот за современ танц LocoMotion 3. Концептот и кореографијата е на Миладиноски, кој е и изведувач. Текстот е на Кочо Андоновски, светлото и дизајнот на Елена Ристеска и Викторија Илиоска. Изборот на музиката е на изведувачот. Кире Миладиноски, преку танцовото студио “Зодијак” во ЦК “Марко Цепенков”, се занимава со истражување и продукција на современиот танц. Претходно ги изведе перформансите “Process-in-infinity-progress“, “Повторно раѓање на боговите”, “Еден правец внатре”, “Не (Близу)” и други.

Loading