ПЛАНИНАРСКО КРУШЕВСКО МЕНИ

Околу 55 планинари од еколошкото друштво “Картуш” традиционално се прошетале од селото Житоше до селото Селце, Крушевско. Од таму се упатиле до манастирот “Преображение” над Крушево, а го посетиле и 33 метарскиот, поставен крст од каде се гледа третина од земјава. Крстот и манастирот се оддалечени еден од друг околу 800 метри. Му оддале почит на Тоше Проевски и се поклониле на гробот на војводата Питу Гули. Планинарите од “Јане Сандански” сончевиот ден го искористиле да се прошетаат до село Слепче, чешма, превој Белутино, манастир Света Петка кај Гостиражни. Се наситиле од глетката на ливади со печурки – шампињони, сончарки и пуфки, кои дождот ги измамил да ги покажат “главите”.

Loading