ФОНТАНА КАЈ “ВОЛНАТА”

Фонтанава е од поново време, во помодерен стил. Местото е во Старата чаршија. Го викаа “кај волната”, оти доаѓаа мариовци со вреќи волна на пазар, да ја продаваат за предење. Ја снема од видикот на прилепчани и ја замени Итар Пејо, со приказната за “волната”. Некогаш, на калдрмениот сокак, под старите дрвја, имаше трафики за разладување со газози. Покрај неа е и бунарот за ладење, кој и денес стои, ама не се вади вода. Поновата фонтана имаше две помали шепурки, отстрана за гаснење на жедта и еден централен шадрван, украсен, од кој бликаше вода. Се запостави, оти материјалот не дозволуваше лесно одржување… Мака видела па, пожолтела, огрдела. Последно, плочките околу беа искршени. Вода околу, и не се доближуваше до неа. Денес, местото стана мала сцена за уметнички изведби, а малку од страна има бронзена фонтана со ликот на Итар Пејо.

Loading