ЖОЛТИ ДУЊИ – ЦАРИГРАДСКИ

Годинава е родна за ретките дрвја со жолт род. Дуњите со скоро половина килограм ги натежнале гранките. Што би рекло цариградски – за лек. Како алва му ги купиле на газдата. Во сезоната на дуњите, домаќинките прават слатко, компот, а од тенките лушпи пелте. Траат подолго време. Во куќата се чуваат на шифоњер, зашто убаво мирисаат. А за се да биде вкусно, и да не се собира јазикот кога ќе се пробаат, треба да бидат сочни.

Loading