КИЧЕВО И ПРИЛЕП ВО ПЛАНИНАРСКИ ПОРИВ

Сончевите зраци во минатиот неделен ден ги здружија планинарите на “Јане Сандански” и кичевските колеги од ПД “Бистра” да се прошетаат кај кичевската корија. Во селото Прострење богато со четири цркви, ги заинтригирала онаа од ранохристијански период. Од селото до врвот Лискав 1909 метри надморска височина по густата букова шума ги изненадил жуборлив извор прегрнат со шума на т.н старците, која има ретки примероци на прастари буки. Од врвот Лискав. Планинарите се спуштиле до манастирот Св. Илија над селото Големо Илино. Дождливото време не ги спречи планинарите на “Картиш” за празникот 11 Октомври, рекреативно да се прошетаат до Шаторов камен, до планинарскиот дом Прилепски бранители. Стасале и 20 – тина, кои од Могила се упатиле до споменикот Устрелец. Исто толку екологисти ја посетиле црквата Св. Богородица во охридското село Скребатно. Викендов пешачка релацијата им е од селото Житоше кон гробот на Тоше Проевски.

Loading