ГРАН ПРИ ЗА РУСИНКА

 

Десеттото издание на “Ѕвездички” помина во весела атмосфера. Се слушнаа нови 22 композиции за паметење. Учесниците од сите страни на Европа и Балканот, пак се дружеа и создадоа нови пријателства. Најуспешна беше претставничката на Русија Екатерина Подобулина, која се закити со Гран при. Останатите награди заминаа во рацете на учесниците од Бугарија, Украина, БиХ, Грузија и кај нашиот сограѓанин Адам Катароски, кој исполни композицијата “Африка”.

Loading