THE HOUNDS СО СПОТ “ВО ПРАЗЕН СВЕТ”

Вечерва во Вирус

За песната “Во празен свет”, прилепскиот состав The Hounds вечерва во кафулето Вирус, ќе промовира видео-спот, дело на Александар Јанкуловски. Промоцијата на првиот спот на The Hounds со своето присуство ќе ја збогати и Дани, како специјална гостинка. Инаку, зад песната се потпишуваат и продуцентот Лазар Цветкоски, додека текстот е на Милан Миланов. Стартот на промоцијата е во 21 часот.

Loading