ЧАТЛЕ ГОТВИ ПРОФИ СПЕКТАКЛ

Бокс

“Балканската боксерска промоција”, предводена од менаџерот Дарко Чатлески, најавува спектакл за 23 октомври. Во Универзална ќе има професионален бокс, меѓу најмладиот професионалец во Европа, 17 годишниот Веселин Кочоски и искусниот Армин Шабановиќ од Босна. Претходат осум воведни борби во бокс и кик бокс. Се подготвува досега невидена сценографија, со атрактивни девојки за најава на рундите. Специјален гостин е 15 професионалец од ранг листата во ВБ верзијата, Ненад Боровчанин, предизвикувачот на светскиот првак Кличко.

Loading