ВИКТОРИЈА ИЗДРЖУВА НА ВРВОТ

Трета лига

В недела (15 ч.): Борец – Г. Коњари, Млекар – Корзо, Вардар – Партизан. Тимот на Трајче Илиоски, Младост, по ремито дома со Викторија (1-1) утре го чека Д. Езеро. Останавме без победа на дербито, по судиска грешка. Одиме натаму, утре земаме трите бода – вели Илиоски. Викторија на Кире Овезоски се спаси во 88 минута. В недела игра дома со Вардарски. Солиден ривал. Мораме добро да одиграме за триумф – порачува Овезоски. Резултати: Бабуна – Млекар 4-1, Корзо – Борец 3-0, Г. Коњари – Вардар 3-0, Партизан – Кожуф 0-0. Табела: Викторија 19, Бабуна 18, Младост 16 бода.

Loading