Фудбал: 11 Октомври без примен гол 554 минути
Невидено досега во 11 Октомври. Наа првенствените мечеви нема примено гол 554 минути! Како италијански калчо лигаш. Мрежата на искусниот голман Пеце Коруновски беше затресена само на премиерниот натпревар дома со Миравци. Натаму “првоборците” само даваа голови, а не примија ниту еден, на гости со Цементарница (0-0), Локомотива (1-0) и Тиквеш (0-0), дома со Беласица (0-0), Еуромилк (3-0) и последен со Охрид 2004 (1-0). Одлична одбрана, по заслуга не само на последнниот, туку на сите – смета Николче Здравески, тренер на 11 Октомври. Екипата скокна од 12-то на петто место. Има можност да биде меѓу првите три, бидејќи и наредното коло, по девет дена, игра на свој терен, со Дрита. Публиката, која редовно доаѓа по 3000 души е задоволна. Слави со тапани и музика. Но, сите како да очекуваат повеќе од нападот, кој даде пет гола. Впечатокот не е изменет и по дербито со Охрид 2004, добиено минимално со 1:0 и покрај надмоќната игра. Реализацијата мора да се подобри. Имаме најквалитетен тим, играме офанзивно, создаваме многу шанси. Од меч во меч, верувам дека нападот ќе биде поефикасен – истакнува Здравески.
11 Октомври во “бетонска” одбрана не попушта ни во Купот, каде на два дуела со прволигаши прими само гол. И исто е и на пријателските. В сабота се брани предноста од 1-0 во реваншот за осминафиналето од Купот, кај Металург во Скопје. Доколку постигнеме гол на гости, одиме во четвртфинале. Можеме до подвиг – заврши Здравески.
Дамевски: Имаме прволигашки ривал!
Во Металург настапува ланскиот капитен на Победа, Благојче Дамевски. Очекува неизвесен дуел. 11 Октомври е второлигаш само на хартија. Ривал е со прволигашки квалитет. Тешка ќе дојдеме до триумф од 2-0. Шансите се еднакви – смета Дамевски.