ДВА ТРЕНИНГА ДНЕВНО ЗА 30% ПРОГРЕС

Жито Прилеп

Утревечер (16, 30 ч.) во сала “Македонија” против Кичево, пред прилепската публика дебитира Ристо Магдинчев, новиот тренер на женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп. Го предводеше тимот на гости кај Гевгелија, во победата од 21-32, а во меѓувреме наметна свој режим на работа. Тренинзите се двапати дневно. Мораме во прогрес од 30 насто. Планираме повеќе репрезентативки од клубот – рече Магдинчев. Сега се пет во државниот тим, Наумоска, Срњакова, Ацковска, Папуџиева и Гичева. Голманката Наумоска можеби ќе добие поголема конкуренција покрај Ангелеска и младинката Дурланова. Потребно е уште една голманка, вкупно три искусни – смета Магдинчев. Жито Прилеп е втор, зад шампионот Металург.

Loading