ПРОМОЦИЈА НА “РОДОТ БАШЕСКИ …”

Во Градската библиотека”Борка Талески”

“Родот на Башески од Варош” од авторот Драги Башески утре во 17 часот ќе биде промовирана во Библиотеката “Борка Талески”. Во книгата преку фотографии, изјави, податоци е пренесена лозата Башеска од првиот потомок од 1810 година до денес. Башески од 1991 година, кога ги издаде истражувањата за Ченто, ги напиша уште книгите “Прапорчиња”, “Панде Чесноска” и “Предадени”, а за многу брзо време бел ден ќе види и книгата посветена на прилепските новинари.

Loading