КИРЕ МИЛАДИНОСКИ ВО ТАНЦ ПЕРФОРМАНСОТ “ВРЕМЕ”

Прилепскиот танчер Кире Миладиноски учествуваше во музичкиот и танцов перформанс “Време”, прикажан во Музејот на Скопје, под покровителство на НВО Контрапункт и Локомотива. Перформансот е мултимедијален, ги шири границите на дејствување во уметнички дисциплини, современ танц и дигитална музика, која ги спојува спецификите, содржани во две дисциплини. Работен е како соработка на македонски танчери, меѓу кои и прилепскиот, и германски музичар. Има за цел интеркултурна размена.

Loading