ОДЛИЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА АК ПРИЛЕП

Моделарство: Светски куп

Светскиот куп во воздухопловно моделарство мина во одлична организација на АК Прилеп и ВФМ. Неуморниот Здравко Тодороски собра 40 врвни натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Турција. Неизвесни борби се водеа два дена на спортски аеродром во Мало Коњари. Најмногу се покажаа Србите и Бугарите, а нашите според можностите. Во категоријата Ф-1-А, едрилици, кај јуниорите, Давид Најдоски е второпласиран. Во Ф-1-Ц качувачи, втор е Александар Трајковски, трет Коста Стојановски. Во Ф-1-Х, едрилици, за домашната конкуренција поредокот е: Дејан Алексов, Методи Илиески, Бојан Димески.

Loading